Книжевен збор - категорија

така повеќе

Вид збор: Прилог
за количественост
Примери:
Тоа е така (толку) просто.

творчество повеќе

Види и: творештво (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
творештво
Англиски: creation

тврдолиниски повеќе

тврдолинискот
Вид збор: Придавка
Што тврдоглаво не отстапува од поставената линија.
Англиски: hardline
Примери:
Инсистираат на тврдолиниско бранење на светоста и безгрешноста.

тежа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Привлечната сила на земјата.
Англиски: gravitation Албански: gravitet
Примери:
Земјината тежа

тежест повеќе

Вид збор: Именка, женски род
тежина
Англиски: weight

тежнее повеќе

тежнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
цели кон, чезнее кон, тежи кон
Англиски: yearn

телољубец повеќе

мн. телољупци
Вид збор: Именка, машки род
Оној што сака да угодува на своето тело.

телохранител повеќе

мн. телохранители
Вид збор: Именка, машки род
Телесна стража.
Англиски: bodyguard

тематизира повеќе

тематизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Што прави од нешто тема; што дискутиза зе нешто.
Англиски: address
Примери:
Го тематизирале проблемот.

темели повеќе

(се) темелат
Вид збор: Глагол, несвршен
заснове
Англиски: base Албански: bazoj
Примери:
Судот ја темели пресудата врз основа на изјавите на сведоците.
(се темели) Се заснове.
Англиски: base Албански: bazohet
Примери:
Претпоставката се темели врз основа на утврдените факти.

темелница повеќе

мн. темелници
Вид збор: Именка, женски род
Поштенски чек.

тоа повеќе

Види и: тој (зам.)
Вид збор: Заменка
При претставување, узнавање, сознавање, откривање на некого или нешто.
Англиски: this Албански: ky
Примери:
Тоа е неговата жена.

толпа повеќе

мн. толпи
Вид збор: Именка, женски род
Неорганизирана група, маса од луѓе.
Англиски: mob Албански: turmë
Примери:
толпа луѓе

трансценденција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е вон реалноста.
Англиски: transcendency Албански: transcendencë, përsosmëri
Примери:
Транценденцијата на Господ.
Тоа што е вон реалното искуство, што не може да се разбере со нормалниот разум.
Англиски: transcendency Албански: transcendencë, përsosmëri
Примери:
Трансценденцијата на нашето постоење.

тревога повеќе

тревогата
Вид збор: Именка, женски род
Силна вознемиреност, возбуденост.
Англиски: alarm Албански: alarm
Сигнал што предупредува за опасност.
Англиски: alarm Албански: alarm

тревожен повеќе

тревожна
Вид збор: Придавка
Силно вознемирувачки.
Англиски: alarming
Примери:
Тревожни гласови.

тревожи повеќе

тревожат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно вознемирува, возбудува.
Англиски: excite Албански: shetëson
(се тревожи) Силно се вознемирува, се возбудува.
Англиски: excite Албански: shqetësohem

тревожно повеќе

Вид збор: Прилог
силно вознемирено, возбудено
Англиски: alarmingly

треслив повеќе

Вид збор: Придавка
треперлив
Примери:
Го зафаќаше некакво тресливо плачење.

тржествен повеќе

тржествени
Вид збор: Придавка
свечен, возвишен
Англиски: solemn Бугарски: тържествен
Примери:
тржествена поворка

тржествено повеќе

Вид збор: Прилог
достоинствено, свечено, возвишено, празнично
Англиски: solemn
Примери:
Колоната тржествено чекореше напред.

тржественост повеќе

тржественоста
Вид збор: Именка, женски род
свеченост
Англиски: festivity

тржество повеќе

Вид збор: Именка, среден род
свеченост
Англиски: celebration Албански: festim
блескава победа, полн успех
Англиски: triumph Албански: triumf

тржествува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
прославува, триумфира
Англиски: celebrate

тржествување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
прославување, триумфирање
Англиски: celebration

триумфалистички повеќе

Вид збор: Прилог
На триумфален начин.
Англиски: triumphantly
Примери:
Се фалел со победата и го нагласувал тоа триумфалистички и со еуфорија.

трога повеќе

трогаат
Вид збор: Глагол, несвршен
буди чувства, возбудува
Англиски: stir
Примери:
Ни ги трога срцата.

трогателен повеќе

трогателниот
Вид збор: Придавка
Што трогнува, што возбудува.
Англиски: touching
Примери:
трогателни зборови

трогателно повеќе

Вид збор: Прилог
трогателен
Англиски: touchingly
Примери:
Зборуваше трогателно.

трогателност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
трогателен

трогнат повеќе

Вид збор: Придавка
се наоѓа во состојба на возбуда, возбуден
Примери:
трогнат до солзи.

трогнатост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
состојба на возбуда, возбуденост.

трогне повеќе

трогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Буди чувства, возбудува.
Англиски: stir emotions
Примери:
Тоа ме трогна до солзи.

тромеѓа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Граница меѓу три земји, држави.
Англиски: triangle

трошен повеќе

трошна
Вид збор: Придавка
Обично за стара куќа, зграда и сл.
Англиски: dilapidated
Примери:
Трошна куќа.

труженик повеќе

мн. труженици
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се труди, што работи усрдно, пожртвувано во некоја област на трудот.

труженички повеќе

труженичка
Вид збор: Придавка
Исполнет со залагање, со упорен труд.
Англиски: diligent
Примери:
Труженички живот.

тружеништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Упорност, неуморност, усрдност, пожртвуваност во работата.
Англиски: diligence
Примери:
Труженички живот.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш